Меган Маркл е гневна, сопругата на Хари губи на суд против таблоидите

Меган Маркл полека ја губи битката на суд со британскиот таблоид Mail of Sunday, пренесуваат светските медиуми. Меган го изгуби првиот спорт против таблоидот. Судијата ги отфрлил сите наводи во тужбата поврзани со приватноста на поранешната војвотка во првата пресуда во случајот кој и понатаму се развлекува по судот.

Меган го тужеше британскиот таблоид поради некоректно и непрофесионално известување за неа и нејзиниот сопруг Хари. Таа изјавила дека медиумите го малтретирале и искористувале нејзиниот татко Томас, со кого нема разговарано повеќе од две години.

Меган го тужеше Mail of Sunday за два текста во весникот и три објавени на порталот, во кои биле објавени нејзините писма кои му ги испратила на Томас во февруари 2019 година.

Прелиминарното сослушување на овој случај заврши минатата недела и се одвиваше преку видео. Судијата беше во судница, но адвокатите и новинарите се вклучија преку видеповик. Адвокатот на Меган објави дека ќе бидат доставени сите потребни докази за да докажат дека медиумот го искористувал нејзиниот татко.

Адвокатот на таблоидот Ентони Вајт, изјавил пред судот дека е беспредметно Меган да го обвини Mail on Sunday за злоставување, посрамотување, манипулирање и искористување на Томас Маркл, кога таа со нејзиниот татко не комуницирала повеќе од две години.

Меган на судот како доказ им ги доставила писмата кои му ги пратила на татко ѝ уште пред да се омажи за Хари. Нејзиниот тим вели дека се работи за приватни пораки, а Меган изјави дека споменатиот таблоид намерно го искористил Томас, не прикажувајќи ја вистината, туку единствена цел им била да ја зацрнат во јавноста.

 

Scroll to Top