Меган Маркл го уценува кралското семејство за 65 милиони долари

Меган Маркл го уценува кралското семејство за сума од околу 65 милиони евра, пренесуваат светските медиуми.

Според она што го пренесува Woman’s Day, Меган го уценува кралското семејство и бара од нив да ѝ платат, ако не сакаат да ги открие сите тајни во новиот документарен филм на „Нетфликс“, кој планира да го сними во наредниот период.

Таа им се заканила дека ќе ги открие сите тајни и односот на кралското семејство  кон неа, но и кон починатата принцеза Дајана.

За многумина односот меѓу Меган Маркл и  кралското семејство никогаш не бил идеален.

Со оглед на тоа дека Меган не ја врзуваат убави спомени со Велика Британија и времето што го минала таму, овој потег и не е така за изненадување. Прашање на време било само кога сопругата на Хари ќе го возвратела ударот.

Личноста од кралското семејство кое најмногу се противи на снимањето на овој документарен филм е принцот Вилијам, постариот брат на Хари. Тој е бесен и веќе прави план како да ја спречи Меган, велат инсајдерски информации од кралската палата.

Кралското семејство не сака да биде објавен филм за Дијана и подготвени се да ѝ исплатат на Меган 65 милиони евра. Единствен проблем околу исплатата би можела да биде кралицата Елизабета, затоа што никој не знае дали е подготвена да исплати толкава сума пари.

Од кралското семејство му се лути и на Хари, затоа што не ја известил кралицата за вакво нешто.

„Тие сметаат дека ова е огромен удар за нив. Додека за Меган ова претставува некаков вид утеха, за Вилијам ова е голем пораз“, вели изворот.

Принцезата Дајана почина пред 23 години и сè уште ги полни светските таблоиди. Овој документарен филм на „Нетфликс“ нема да биде прв за нејзиниот живот. „Нетфликс“ веќе еднаш најави дека ќе излезе со документарец со наслов Being me: Diana.

Сега се зборува за објавување на досега невидени снимки од неа, направени во периодот меѓу 1990 до 1992 година, а ќе се прикаже нејзината внатрешна борба во пресрет на одлуката да се разведе од принцот Чарлс.

 

 

Scroll to Top