Војвотката од Сасекс Меган Маркл, за време на доделувањето на наградите Coach Core Awards на Универзитетот во Лауборо се појави со нова фризура.
Меган која е позната по својата кадрава коса, или по носењето пунџа, овој пат реши косата да ја испегла и да и биде целосно рамна.
На интернет под фотографиите почнаа да се шират теории и коментари дека со промената на косата, Меган ја најави својата бременост.
Меган откако се омажи за принцот Хари никогаш во јавноста не се појавила со испеглана коса. Недела дена пред војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ја најави својата прва бемреност ги скрати шишките. Вториот пат не направи никаква промена, за разлика од третиот пат кога повторно го смени имиџот.
Досега никој од Кенсингтонската палата не го потврди ниту го негираше случајот со Меган.
Освен што нејзината фризура беше главна на доделувањето на наградите, Меган на настанот се пофали и со своите кошаркарски вештини. Доделувањето на наградите беше наменето за младите луѓе, кои во иднина би сакале да станат спортски ѕвезди.