Меган Маркл копија на принцезата Дајана

Многумина сметаат дека војвотката од Сасекс Меган Маркл е вистинска копија на принцезата Дајана која почина на 37 годишна возраст. Ваквото мислење го дели и принцот Хари, кој што вели дека доколку мајка му денеска била жива, двете би биле вистински пријателки.

И Меган Маркл и принцезата Дајана имале љубов кон модата. Кралското семејство мора да ги почитува правилата во облекувањето, но Дијана секогаш се истакнувала. Нејзиниот стил бил софистициран, интересен и со сопствен потпис. Лејди Ди остави големо влијание на модната индустрија.

Што се однесува до сопругата на нејзиниот син, Меган има сопствена колекција на облека „Меган Маркл Колекција“. Двете често бирале кежуал комбинација и сакаат едноставен гламур. Оттука не чуди тоа што многупати во јавноста биле забележани со слични фустани. Исто така Лејди Ди не се воздржувала да покаже и малку голотија.

Што се однесува до хуманитарната работа, принцезата Дајана е позната по тоа што отсекогаш помагала на другите. Самата се нарекла принцезата за народот и често ги посетувала болните, сиромашните и се залагала за нив. Без проблем говорела за заболените од сида. Меган исто така учествува во бројни хуманитарни акции, а се ангажирала и во компанија за зачувување на чиста вода.

Неодамна Меган го одржа својот прв говор, откако стана член на кралското семејство. Била спонтана и со својот шарм ги воодушевила сите. Исто како што тоа некогаш го правеше принцезата Дајана. Говорот го држеше додека го претставуваше својот прв самостоен проект, посебно куварско издание во соработка со организацијата Hubb Community Kitchen.

Исто така многумина сметаат дека и однесувањето во јавноста кај двете било многу слично. Меган веднаш се наоѓа во центарот на вниманието, исто како и Дајана. Однесувањето на војвотката и принцот на добротворниот поло меч, многумина ги потсети на времето кога и принцот Чарлс ја водеше Дајана.  Меган ја предаде наградата, а потоа побрза да го прегрне и бакне својот сопруг. Исто како и Лејди Ди.

Уште една сличност е тоа што и на двете и се разведени родителите. Условите во кои израснале не биле идеални. Дијана го преживеала разводот на нејзиниот татко Џон Спенсер и мајка и Францес Спенсер уште додека имала седум години. Меган имала само две години кога љубовта на нејзината мајка Дори Рагланд и татко и Томас Маркл доживеала вистински крах. Единствена разлика е што семејството на Меган е скандалозно и е честа тема на медиумите поради своите испади.

Кога Дајана станала член на кралското семејство, медиумтие ја следеле на секој чекор и го анализирале секое нејзино движење, збор, облекување. Дури некои и пишувале за нејзиното скандалозно минато.

Слично е и со Меган. Откако нејзината врска со принцот Хари стигна во јавноста, најпрво ја анализирале нејзината темна боја на кожа и фактот дека е разведена. Потоа на ред дојдоа нејзините модни комбинации, зборови, движења. Се што ја интересираше јавноста за Дајана, сега ја интересира за Меган Маркл.

Вереничкиот прстен е исто така една од нивните заеднички работи. Прстенот со кој принцот Чарлс ја запросил Дајана, се смета за еден од најубавите, а истиот тој го наследи Хари. Принцот Вилијам го замолил да ги замени спомените од мајка му, па Хари на веридбата дизајнираше нов прстен, кој содржи два дијаманти од личната колекција на Дајана.

Пријателка од детството на Хари, го запозна принцот со Меган Маркл и им договори состанок на слепо во летото 2016 година, а се вечнаа во ноември веќе следната година. Лејди Ди и принцот Чарлс се запознаа преку сестрата на Дајана. Почнаа да излегуваат летото 1989 година, а заветите се случија февруари следната година.

 

Scroll to Top