Меган Маркл на свадбата ќе носи двојно поскапа венчаница од Кејт Мидлтон

Со месеци јавноста се прашува како би можела да изгледа венчаницата на Меган Маркл за венчавката со британскиот принц Хари. Првин се зборуваше дека како и Кејт Мидлтон, и таа ќе избере фустан од модната куќа на Александер Меквин затоа што тој најдобро котира во британските обложувачници.

Потоа се споменуваше и популарната дизајнерка Вера Ванг, но сега повеќе нема сомнение дека Меган ќе се омажи во фустан од лондонскиот бренд Ralph & Russo, потврдија неколку извори блиски до кралската двојка за „Дејли мејл“.

Иако невестинскиот фустан ќе биде покажан дури на 19 мај кога татко ѝ ќе ја испрати до олтарот во црквата во дворецот Виндзор, веќе е познато дека ќе биде изработен рачно и дека ќе чини 100.000 фунти, што е околу 113 илјади евра, а трошоците ќе ги покрие кралското семејство, пишуваат британските таблоиди.

„Можеби звучи прескапо, но за изработката на овој фустан вложени се стотина часа рачна работа, а ова е венчавка на годината“, вели изворот за „Дејли мејл“.

 

 

Scroll to Top