Меган Марк водела дневник за својот живот во британското кралско семејство. Книгата би можела да стане успешна, тврди близок извор до популарната двојка.
Маркл во дневникот најверојатно го опишала својот пат од американска актерка до член на кралското семејство, а кралскиот биограф Ендру Мортон, кој ја напиша книгата за принцезата Дајана вели дека книгата би можела да се темели на дневникот Меган за да се даде потполна слика.
Мортон вели дека Маркл пишува убаво и дека употребува убави фрази, што според него е резултат на тоа што студирала англиски јазик во првата година на колеџот.
Пријател на Маркл вели дека пишувањето и’ е страст и верува дека еден ден дневникот ќе се најде во печатница.