Меган Маркл се откажува од глумата

Актерката Меган Маркл, која се прослави со улогата во серијата Suits, навести дека става крај на актерската кариера и дека епизодите од оваа сезона од серијата ќе бидат последните што ќе ги сними во кариерата.

Таа по венчавката со принцот Хари нема да биде принцеза, бидејќи тој не е престолонаследник. Се очекува на денот на венчавката тој да ја добие титулата Војвода од Сасекс, а актерката ќе стане војвотка.

Scroll to Top