Меган Маркл тајно ќе се сретне со својот татко

Меган Маркл ќе има тајна средба со својот татко, тврдат британските медиуми. Местото и точниот датум не се познати за доброто на Меган и Томас. Ова е чувствително време за двајцата, но Меган има намера конечно да го среди односот со својот татко.

Војвотката од Сасекс планира да го посети својот татко Томас Маркел (73) следниот месец. Лошиот однос меѓу нив трае од нејзината венчавка на 19 мај кога Томас не стигнал на венчавката и покрај тоа што бил уредно поканет. Томас се оправдал дека имал срцев удар и закажана операција.

Наводно оваа приказна ја измислил за да ја посрамоти својата ќерка. Тој продавал фотографии од неа пред нејзината свадба. Томас и понатаму не прекинува со медиумските настапи, па Меган тоа сака да го прекине колку што е можно побрзо.

Војвотката од Сасекс следниот месец планира тајно да патува во Америка, во посета на својот татко во мексиканскиот град Росарито.

Местото и точниот датум засега се непознати за доброто на двајцата, пренесуваат медиумите.

Меган, како што велат извори од Кенсингтонската палата, наводно изјавила дека татко ѝ ја посрамотил и ја повредил говорејќи за покојната принцеза Дајана. Тој раскажал за „Дејли мејл“ дека кралското семејство ја третира Меган на начин на кој принцезата Дајана тоа никогаш не би го одобрила.

„Принцезата Дајана го промени кралското семејство. Таа не беше совршена, но и понатаму беше една од нив. Мислам дека Меган ќе ги пренесе во 21 век ако тие тоа ѝ го дозволат“, изјавил Томас. Тој го коментирал и односот на Меган со принцот Хари.

„Не сум загрижен ако Хари повеќе не зборува со мене. Ќе преживеам и покрај тоа“, вели Томас.

Меган и кралското семејство сепак сметаат дека нема смисла да го игнорираат Томас, затоа што поранешната американска актерка не смее да го исклучи од својот живот.

 

 

Scroll to Top