Меган Маркл во мини-здолниште ја провоцира кралицата Елизабета

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за време на хуманитарниот настан во лондонски West End се појави во кус фустан. Меган на настанот се појави во придружба на својот сопруг, принцот Хари. Настанот има цел да собере средства за здружението Sentebale.

Ова здружение е оформено од страна на принцот Хари во 2006 година, а Меган во меѓувреме, откако се омажи, почна да се грижи за тамошните деца заболени од ХИВ.

Меган на изненадување на јавноста се појави во кус црн фустан, кој ѝ ги откриваше колената. Јавноста веќе од претходно знае дека поранешната американска актерка нема намера стриктно да се држи до кралските правила.

Кралицата Елизабета Втора нема да биде пресреќна со кусиот фустан на војвотката од Саскес, пишуваат британските медиуми.

„Мислев дека кралицата преферира фустан под колената. Смешно е што Меган се однесува на ваков начин. Таа изгледаше префинето пред да се омажи за принцот Хари. Сега се гледа дека не припаѓа меѓу кралското семејство. Изгледа многу евтино“, се дел од коментарите на фановите на кралското семејство.

Оние што застанаа на страната на Меган велат дека фустанот од канадската модна куќа Judith and Charles ѝ стои одлично.

„Браво. Го разниша малку кралското семејство. Кејт Мидлтон многупати носела фустан над колената, па никој не приговарал“, истакнале тие.

Принцот Хари, појавувајќи се во смокинг, ги почитува правилата на облекување. И двајцата целата вечер ја минаа во добро расположение заедно со другите гости.

Scroll to Top