Меган, Меланија и Амал не ѝ се рамни на Кејт Мидлтон

Принцезата Кејт Мидлтон за многумина светски познати креатори го удри последниот печат што се однесува до модниот тренд оваа сезона. Таа за многумина сега го има последниот збор за модата во кралското семејство, дури и по доаѓањето на новата војвотка Меган Маркл, која исто така за кратко време постави многу нови модни правила.

Појавувајќи се на финалето на Вимблдон годинава во жолт фустан, Кејт го имаше пресудниот глас за бојата на сезоната.

Првата дама на Америка не одолеа да ја ископира во рамки на европската турнеја на гламурозната вечера во лондонската палата Бленхајм.

Меган Маркл исто така се појави во жолт фустан со боја на лимон на приемот на организацијата Комонвелт во пресрет на неодамнешната посета во Даблин.

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал, се реши за креација на исто ниво како таа на Мидлтон на Вимблдон за време на кралската венчавка во Лондон меѓу Хари и Меган, каде ја понесе титулата за една од најубаво облечените гостинки.

 

 

 

Scroll to Top