Меган му има фрлено магија, не можам да го препознаам, рече бившата на Хари во емисијата на Пирс Морган

Бившата девојка на Хари, реалната ѕвезда Кетрин Омани, во разговор со водителот Пирс Морган во неговата емисија Uncensored, рече дека принцот не е истиот од времето кога биле заедно. Објасни дека не можела да го препознае и дека Меган му има фрлено некаква магија.

Кетрин рече дека откако излегол документарецот за нив двајца, принцот немал никаква приватност и слобода, нешто што го ценел додека тие биле заедно.

„Не можам повеќе да го препознаам. Си ја сакаше приваноста и слободата, а со снимањето на серијата се случува спротивното. Сега нема никаква приватност и ја нема таа слобода како порано. Кога ја гледав си помислив дека Меган му има фрлено некаква магија. Затоа и не можам да го препознаам. Претходно беше приземен и нормален. Во него не останало ништо од она каков што го познавав“, рече Кетрин.

 

Scroll to Top