Меган му пренела полова болест на Хари

Меган Маркл му пренела полова болест на својот сопруг Хари, пишуваат американските медиуми. Глумицата е заразена од најчестите бактериски половопреносливи болести – кламидија.

Оваа инфекција е позната како тивка епидемија затоа што се појавува со симптоми што не може да лесно да се забележат. Но, експертите велат дека може да дојде до сериозни компликации.

Меган рагирала на време, пишуваат медиумите. Лекарите ѝ препишале терапија со антибиотици, а освен неа, ќе се лекува и поранешниот принц Хари кому му е препорачано да избегнува полови односи некое време, вели угледен американски лекар, кој сакал да остане анонимен.

Многуте обожаватели на поранешната кралска двојка коментираат на социјалните мрежи и велат дека се огорчени од веста што ја објавил лекарот. Тие велат дека треба да се објави неговото име за да се казни затоа што го прекршил кодексот на доверливост меѓу пациент и лекар.

„Ова е поразувачко, тоа се основните права на секој човек и основни правила што еден, наводно угледен лекар, мора да ги почитува“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Половопреносливите болести се важни здравствени проблеми во целиот свет. Нивната зачестеност во последните децении расте, особено кај популацијата помлада од 25 години, но оваа болест ги напаѓа сите.

Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година во светот се регистрирани речиси 300 милиони случаи на половопреносливи инфекции, а во таа бројка сега спаѓаат и Меган и Хари.

 

Scroll to Top