Меган никогаш нема да се смири со својот татко

Британски „Дејли мејл“ пишува дека Меган Маркл нема да се смири со својот татко Томас Маркл. Тој во медиумите пред неколку дена повторно се пожали дека ќерка му го исфрлила од нејзиниот живот.

На новинарите им рекол дека нема да се откаже сè додека Меган конечно не му се јави. Меган ги променила сите телефонски броеви на кои Томас можел да ја добие.

Извор близок до Меган за „Дејли мејл“ вели дека нема никакви шанси таа да му се јави, особено не по сè што ѝ приреди пред свадбата.

Изгледа дека нивните проблеми само кулминирале со нејзината венчавка и дека Меган и нејзиниот татко имале проблематичен однос и пред таа да го запознае принцот Хари. Откако Томас му предизвика еколку скандали на кралското семејство, Меган ја зацврсти одлука повеќе да не разговара со него.

 

 

 

 

Scroll to Top