Меган одби да се појави на наградите „Еми“

Меган Маркл целосно ја презеде улогата на сопруга на принцот Хари и расчисти со Холивуд. Војвотката од Сасекс учтиво одби да се појави на „Еми“ наградите во Лос Анџелес следниот месец, каде што беше поканета да додели една од наградите.

ТВ-ѕвездата објасни дека таквата покана не одговара на нејзиниот нов статус и должности како дел од кралското семејство.

Маркел беше поканета на настанот со нејзиниот сопруг, од извршните директори на NBC.

„Се надевавме дека Меган ќе присуствува, што ќе биде одличен начин да се збогуваме со фановите и со колегите од серијата”, рекоа тие за „Сан”.

Последната епизода на Меган беше во март, а таа се омажи за Патрик Адамс во епизодата. Кратко потоа се омажи за принцот Хари во реалниот живот.

Новата војвотка потоа сподели дека планира да се откаже од својата актерска кариера и да се посвети на новата улога како сопруга на принц.

Scroll to Top