Меган ѝ се налути на Викторија Бекам

Меган Маркл ѝ се налутила на Викторија Бекам затоа што во јавноста изнесувала приватни детали од нејзиниот живот. Британските медиуми пренесуваат дека нивното пријателство било загрозено, особено откако Викторија на жолтиот печат му открила приватни детали и информации за неа и принцот Хари.

Се шпекулира дека Викторија уште во 2017 година почнала да им открива на новинарите информации кои Меган ги споделила со неа. Ваквата ситуација силно ја погодила Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Пријателството меѓу двете особено се влошило во изминатиот период, поради што и принцот Хари решил да стави крај и да се дистанцира од неа и нејзиниот сопруг, популарниот фудбалер Дејвид Бекам.

Scroll to Top