Меган си тера свој живот, место на крунисување кај Чарлс на планина со друштво

Меган изгледа прилично опуштено во друштво на неколку пријатели. Се крие под шапка и големи очила за сонце.

Според британските медиуми, кралот Чарлс бил прилично тажен бидејќи Хари, Меган и нивните деца не биле на свечениот ручек по крунисувањето. Наводно кралот му наздравил на својот внук Арчи, кој токму на денот на крунисувањето го прослави четвртиот роденден.

За потсетување, принцот Хари во саботата присуствуваше на крунисувањето на Чарлс Трети.

„Јас дојдов, а војвотката остана во Калифорнија со нашите деца“, рече тој. Веднаш по церемонијата, принцот Хари отиде на аеродромот и полета дома.

Scroll to Top