Меган склучи договор за бременоста со нејзиниот поранешен сопруг

Предбрачните договори меѓу славните лица не се невообичаена работа, особено ако едната страна на сметката има милиони кои треба да ги заштити. Сепак, Меган Маркл со поранешниот сопруг Тревор Енгелс, отиде и чекор понапред и потпиша нешто што се нарекува договор за бременоста. Со тоа, како што пренесуваат британските медиуми, Меган сакала да го осигура нејзиното дете да ги добие сите потребни луксузи.

Деталите за минатото на Меган Маркл ги откри наводно нејзин близок пријател. Меган, како што тврди тој, била загрижена поради последиците од бременоста и примарна цел и била да се врати во форма и на работа. Од таа причина, од поранешниот сопруг побарала да потпише дека ќе и плаќа личен тренер и нутриционист, за да ја врати холивудската фигура. Во договорот била вклучена и обврската за најмување на дадилка.

Меган за нејзиниот поранешен сопруг, продуцентот Енгелс, се омажила во 2011 година, а договорот го склучија нешто подоцна, откако Меган се прослави во улогата во серијата „Суитс“.

„Меган гледајќи го своето семејно стебло, знаела дека е склона на дебелеењето. Кога малку се здебелила, а тоа и се познавало на лицето, па сакала да се осигура дека брзо ќе ја врати формата за пред камерите. Барала и тренер и нутриционист. Меган можеби сега се приклучила кон кралското семејство, но отсекогаш сакала кон неа да се однесуваат како кон принцеза“, вели нејзиниот пријател.

Scroll to Top