Мекгрегор: Само една вистински ме сакаше кога бев водоводџија, денес таа ми е сопруга

Ирскиот ММА борец и УФЦ шампион Конор Мекгрегор кој денеска важи за еден од најпосакуваните мажи на светот редовно ги одушевува жените со неговото мускулесто тело, моден стил, но и посветеност на семејството.

Конор исто така е обожавател на скапи автомобили и има возен парк во кој се вбројуваат Bentley, Lamborghini и Rolls-Royce, а како голем љубител на модата тој поседува дизајнерски парчиња во кои доминираат класични костуми со кошули од најфина италијанска свила.

Покрај неговиот имиџ на „опасен тип“, Мекгрегор е вистински семеен човек и обожава и сака само една жена на која јавно ѝ се има заблагодарувано што е со него од деновите кога бил никој, до денес.

Пред да стане шампион, милионер и предмет на обожавање на илјадници жени, Конор работел како водоводџија, но ја имал љубовта на Ди Девлин.

Со неа е заедно девет години и неодамна добија син.

Во најтешките моменти од неговиот живот таа му била најголема поддршка и многумина ја нарекуваат нивната љубовна приказна вистинска модерна бајка.

Scroll to Top