Меколи Калкин откри дека бил малтретиран од татка си

Актерот Меколи Калкин вчера го прослави 38. Роденден и во едно од своите интервјуа призна дека како дете бил малтретиран од својот татко Кит Калкин.

Глумецот, кој се прослави во филмот „Сам дома“ во деведесеттите години, за себе вели дека сега е многу паметен и дека цело време седи на фотелја и гледа телевизија. И покрај тоа што ништо не работи, Меколи вели дека има доволно пари за факултет за своите деца.

По две години од неговиот прв снимен филм „Сам дома“ во 1990 година, Меколи сними и продолжение на божикната комедија.

„Тоа момче е многу паметно. Арамиите само што не му провалиле дома, а тој не сака да повика полиција. Зошто? Смислува голем план наместо да крене слушалка. Мислам дека тоа е голем пропуст во филмот“, раскажал Калкин за некои неразјаснети моменти од филмот.

Актерот во јануари го почна снимањето на интернет-емисијата „Зајачки уши“ со комичарот Мет Коен. Досега имаат снимено 35 епизоди. Секоја недела расправаат за разни теми и имаат познати гости. Меколи на почетокот на оваа година изјави дека го напуштил Холивуд поради татка си, актерот Кит Калкин (73).

„Мојот татко беше многу лош човек. Ме малтретира и психички и физички. Можам да ви ги покажам моите лузни и сега“, изјавил Калкин. Тој додава дека татко му знаел да му се закани дека ќе го удри ако не ја сработи добро работата.

„Јас до десеттата година бев подобар од него во сѐ што тој се обидуваше да го направи целиот свој живот. Бев подобар танчар и актер. Беше љубоморен на мене и фрустриран“, изјавил Меколи.

Ѕвездата од филмот „Сам дома“ смета дека прекинот на комуникацијата со родителите во 1995 година било најдоброто нешто што му се случило откако знае за себе. Неговите родители Кит и Патрисија Брентруп (64) биле во брак 21 година. Покрај Калкин, имаат уште пет деца. Четири од нив се обиделе во актерските води, но безуспешно.

„Уште од мал посакав да направам пауза од Холивуд и на крајот си реков: Готов сум, се надевам дека сите сте доволно богати затоа што јас повеќе пари нема да ви носам“, изјавил Калкин, кој на 15 години своето богатство вредно околу 17 милиони долари го блокирал за своите родители. Меколи своевремено проговорил за земањето хероин и истакнал дека не бил тежок зависник.

„Не трошев 6.000 долари месечно на хероин. Давав многу помалку“, изјавил актерот. кој често се фали дека работи сѐ и сешто затоа што може да си дозволи да биде во пензија. Калкин почнал да зема дрога и антидепресиви во 2011 година по прекинот на осумгодишната врска со колешката Мила Кунис (35). Таа набргу потоа се вљубува во актерот Аштон Кечер (40). Калкин ја молел да му се врати, но таа рекла дека може да бидат само пријатели.

Некогашниот актер изјавил дека одбил понуда во серијата The Big Bang Theory. Како што навел Меколи, тој имал понуда на маса да игра во оваа серија, но сепак ја одбил.

„Не можев да се замислам во такво телевизиско шоу“, изјавил Калкин за време на гостувањето кај водителот Џо Роган, но не прецизирал кој лик требало да го игра.

Зад себе има пропаднат брак со колешката Рејчел Минер (38), со која се оженил во 1998 година, а се разделиле по две години. Во 2002 година се развеле. Рејчел сакала деца, а Меколи не бил подготвен и сакал да ѝ се врати на глумата.

„Спротивно на популарното верување, никогаш не бев на одвикнување. Никогаш не бев во затвор и никогаш не ме уапсиле“, вели ѕвездата од филмот „Сам дома“.

„Имав стотина милиони долари, а истовремено ја удирав главата во ѕид“, изјавил Меколи. Тој од летото минатата година е во врска со американската актерка Бренда Сонд (29). Двојката се има запознаено на Тајланд додека го снимале дебитанскиот филм со актерката Сет Грин (44), Changeland.

„Добра е, веројатно набргу во неа ќе ставам некое бебенце. Мислам, навистина вежбаме“, изјавил Калкин за својата девојка. Тој додал и дека ќе има убави и прекрасни бебенца.

 

 

Scroll to Top