Мел Би ќе ги открие валканите тајни на „Спајс грлс“

Неизвесно е повторното собирање на пејачките од некогаш популарната светска музичка група „Спајс грлс“, а причината е Мелани Браун, една од членките во групата.

Во нејзината автобиографска книга, која набргу треба да излезе, има и детали што се однесуваат на другите девојки од групата.

Британските девојки се честа тема во кулоарите веќе со години. Во последно време шпекулациите за нивното повторно активирање на музичката сцена беа сè поголеми.

Мел Б., според пишувањата на британски „Сан“, набргу ќе ја објави својата автобиографија, во која ќе се најдат многубројни сочни и не многу убави работи за другите девојки од групата, Мелани Си,  Викторија Бекам, Ема Бантон и Гери Халивел.

„Кога книгата ќе биде објавена, нема да постои ни трошка надеж за нивно повторно собирање. На површина ќе исплива голем дел од валканата долна облека“, открива неименуван извор.

43-годишната Мел Би. открива детали од неколку конфликти што ги имала со другите колешки. Еден од нив ја вклучува и Викторија Бекам и наводната расправија што ја имале за новите фустани. Во книгата забележан е и конфликтот со Гери Халивел и начинот на плаќањата за нивните настапи.

Книгата набргу ќе биде промовирана и јавноста ќе дознае голем број од тајните за популарните девојки од 90-тите години од минатиот век.

Последниот заеднички настап „Спајс грлс“ го имаше во 2012 година.

 

 

Scroll to Top