Холивудскиот глумец Мел Гибсон (64) во април бил позитивен на коронавирус и поминал една недела во болница, пишува „Дејли телеграф“. Ова денес го потврди и неговата пиар-служба.
Гибсон лежел во болница во Лос Анџелес. Сега е целосно закрепнат и веќе не чувствува никакви последици од болеста.
Објавено е дека Гибсон бил лекуван со лекот „ремдесивир“ додека престојувал во болницата и дека се чувствува добро.
„Од април до сега тој е тестиран неколкупати и сите тестови му се негативни“, стои во соопштението испратено до медиумите.