Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Холивудскиот актер Мел Гибсон ќе го режира петтиот и веројатно последен дел од акционата драма „Смртоносно оружје“. Филмот, кој требаше да се снима летово, беше запрен откако во јули ненадејно почина режисерот Ричард Донер, кој ги режира претходните четири дела и кој требаше да работи и на петтото продолжение.

Гибсон глумеше во сите четири дела. Првиот беше снимен во 1987 година, а последниот пред 23 години. Покрај Гибсон, во филмот и овој пат ќе глуми Дени Гловер.

„По смртта на Донер, Мел сфати дека е правилно да продолжи со проектот како соодветна почит кон својот пријател и покоен режисер“, пренесуваат американски медиуми.

Се очекува „Смртоносно оружје 5“ да почне да се снима во 2022 година. Филмот треба да го снима „Ејч-би-о макс“, една од најпопуларните стриминг-платформи во светот.

Scroll to Top