Меланија би можела да го остави Доналд Трамп поради Барбара Мур

Поранешната плејбој-зајчица и манекенка Барбара Мур открила дека американскиот претседател Доналд Трамп со неа ја изневерувал својата тогашна свршеница Марла Маплс, која подоцна станала негова втора жена.

Аферата со Барбара траела шест месеци.

Барбара раскажала дека со Трамп се запознала на една од неговите забави и уште истата вечер спиела со него, а се потсетила и на сексот што го имале пред нејзините пријателки.

„Мојата пријателка сакаше да го запознае мажот со кој се гледам. Го повикав Трамп. Иако беше уморен од патот, со нас испи неколку чаши шампањ и почна да ме бакнува. Мојата пријателка се одвои од нас, но само до масата во собата од каде што нѐ набљудуваше“, изјавила Мур за „Дејли мејл“.

„Доналд беше целосно фокусиран на мене, а мене не ми беше проблем што мојата пријателка нѐ гледа. Се однесувавме како да ја нема“, додава поранешната манекенка напомнувајќи дека Трамп не побарал од пријателката да им се приклучи.

„Бев млада и мислев дека тој е мојот маж. Секогаш се јавував на телефон и никогаш не беше зафатен кога ми беше потребен“, вели Барбара, која, како што вели, од новинарите дознала дека Трамп се оженил.

Сепак, за разлика од другите љубовници на американскиот претседател, Мур и понатаму го поддржува и брани.

„И јас и мојата ќерка гласавме за него. Драго ми е што стана претседател и се чувствувам сигурно додека тој ги држи работите под своја контрола“, вели поранешната манекенка.

 

 

 

Scroll to Top