Меланија го игнорира Трамп по неговата наводна афера

Меланија Трамп за време од една година се соочува со три афери кои го следат нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Во јавноста се однесува во согласност со неговите афери, па не глуми преголема блискост и љубов кога ќе се случи нов скандал.

Првата дама на САД повторно беше ладна кон сопругот за време на слетувањето на Флорида, пишува „index.hr“. Тоа не е чудно со оглед на тоа што во последните неколку дена светот зборува за неговата афера со порноактерката додека и двајцата веќе биле во брак.

Доналд излезе од авионот  пред Меланија и нивниот син Барон и ги почека пред скалите, а Меланија брзо им се придружи игнорирајќи го американскиот претседател.

Тој потоа им мавна на новинарите и тргна со својата сопруга.

Scroll to Top