Меланија нападната заради белата шапка со која дојде во Африка

Белата шапка со која се појави Меланија, предизвика најмногу внимание, при нејзината посета посета на Кенија. Меланија носеше  бела шапка, која ја носеле европски истражувачи и империјални администратори во Африка, пред да го покорат народот на овој континент. Овие шапки, по покорувањето, станаа симбол на угнетување во Африка. Поради ова, многумина ја нападнаа, бидејќи, како што тврдат на социјални мрежи, овој гест не беше соодветен за оваа пригода.

 

Меланија Трамп во моментов е на нејзиното прво големо меѓународно патување, а фотографиите од нејзините активности го обиколија светот. За време на патувањето, таа отиде и во Африка, а фотографијата снимена на аеродромот во Најроби, Кенија, предизвика големо внимание.

Меланија Трамп се појави на аеродромот во зелен фустан со мотиви од животни и умерен израз. По црвениот тепих таа прошета со кафеави чевли, кои одговараат на мотивите на фустанот и појасот.

Фризурата и комбинацијата уште еднаш покажаа дека сопругата на Доналд Трамп и тоа како има вкус. За време на нејзината посета на Кенија, Меланија имаше можност да се сретне со луѓето од оваа земја. Посебно внимание посвети на децата. А за средба со нив, избра бела кошула, кафеави панталони и такви чизми. За време на нејзиниот престој во Кенија, Меланија Трамп се обиде да добие повеќе информации за проблемите што ја потресуваат оваа африканска земја. Таа, исто така, најде време да се дружи со животни.

Scroll to Top