Меланија не сака да се разведе од Доналд

Американските медиуми не престануваат да пишуваат за аферата на претседателот на САД, Доналд Трамп, со порноактерката Сторми Даниелс и за тоа како Меланија Трамп се носи со целата работа.

Според зборовите на извор близок до Меланија Трамп, на првата дама не ѝ паѓа ни на крај памет да се разведе од претседателот на САД.

Како што пренесува „Холивуд лајф“, причината поради која Меланија не сака да се разведе од сопругот е нивниот син Барон.

„Сите кои мислат дека Меланија бара развод не се во право. Тоа што таа одбрала да остане во брак не е знак на слабост, туку едноставно се фокусира да направи нешто што е добро за синот. Таа верува дека стабилното семејно опкружување во овој момент и околности е најдобро за него“, вели изворот.

Откако Трамп станал американски претседател, Барон постојано е опкружен од папараци и е под будното око на јавноста.

Меланија со право верува дека медиумската експонираност би ескалирала доколку таа се одлучи на развод и дека на тој начин само би му наштетила на Барон. Поради тоа и понатаму ќе остане во брак со сопругот, пишуваат американските медиуми.

 

Scroll to Top