Меланија зрачи со елеганција и стил

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги откри тајните со кои може во секој момент да постигне поголема фотогеничност. Голем број модни критичари и експерти за невербална комуникација велат дека сопругата на Трамп зрачи со елеганција и стил.

Голем дел од познавачите и блиски соработници на Меланија откриваат дека таа ужива да биде пред објективите и фотоапаратите и дека секогаш кога е во преден план благо ја држи подотворена устата.

Медиумите тој изглед го нарекуваат рибја уста и тоа Меланија не го прави со никаква намера да навреди некого. Експертите велат дека на тој начин таа буквално потсетува на риба.

Исто така модните критичари забележуваат дека таквото држење на лицето дава дополнителна привлечност.

„Многу е секси кога усните ви се незначително отворени. На тој начин изгледаат пополнети“, објаснува експертот за невербална комуникација Трејси Браун.

Браун вели дека моделите го усовршуваат тој изглед и дека на тој начин го намалуваат вниманието на себе, па облеката што ја носат паѓа во прв план. Тоа не е случај кога покажуваат широка насмевка и ги покажуваат забите.

Меланија зрачи со елеганција и знае што е стил, а тоа се гледа и на нејзините фотографии. Тајните со кои постигнува поголема фотогеничност се едноставни.

Иако не може да се каже дека нејзината цел е да изгледа секси кога позира, сепак таа во минатото била супермодел, па нормално е да задржала некои од своите трикови.

„Покрај такви усни, Меланија сака и малку да ја наведне главата така што камерата нема да го забележи долниот дел од нејзините ноздри“, вели Браун.

Таквата поза помага очите да и изгледаат покрупни во однос на остатокот од лицето. Повремено Меланија се насмевнува пошироко и покажува искрена насмевка. Не е работата колку е широка насмевката и очите, поентата е тие да светат, да покажат емоција и енергија, смета Браун.

„Не ви требаат години за да можете да ги научите овие трикови“, вели Браун и советува јазикот да го допрете со горниот дел од внатрешноста на своите усни и веднаш ќе го добиете истиот ефект.

 

 

Scroll to Top