Во нежен бел фустан со вез и тул во комбинација со крем салонки, Маланија Трамп беше една од најубаво облечените дами вчера во Брисел, на Самитот на НАТО. Фотографиите кои кружат низ социјалните мрежи беа предизвик и за модните критичари, кои рекоа дека сопругата на Трамп и овој пат не потфрлила со изгледот и стилот на облекување.