Мемоарите на прицот Хари ќе бидат објавени во јануари

Мемоарите на британскиот приц Хари ќе бидат објавени на 10 јануари идната година под насловот „Резерва“ и ќе го опишат неговиот пат од траума до исцелување, објави издавачот Пенгвин Рендом хаус.

Книгата, која што првично требаше да биде објавена кон крајот на годинава, ќе биде полна со увиди, самоиспитување и тешко стекната мудрост за големата моќ на љубовта над тагата, соопшти издавачот, пренесуваат британските медиуми.

Насловот се однесува на положбата на Хари како помлад брат на принцот Вилијам, кој е наследник на британскиот престол откако нивниот татко Чарлс минатиот месец стана крал по смртта на кралицата Елизабета.

Се додека Вилијам и неговата сопруга Кејт не ги добија своите три деца, Хари беше следниот во низата по својот брат во редот за наследување, па оттаму и изразот резервен наследник.

Scroll to Top