Контроверзниот пејач Брајан Варнер, познат како Мерилин Менсон, се соочува со нови обвинувања за сексуално малтретирање. 15 жени го обвинија за сексуален и физички напад.
Една од жртвите е и неговата поранешна девојка Ешли Морган. Таа рече дека го тужи за сексуално малтретирање, но и тежок облик за одземање на слободата на движење.
Девојките велат дека Менсон ги малтретирал во станот што го купил, а во кој имало вградена стаклена и звучно изолирана соба, која првично му била наменета за електрична музика.
„Првин ми велеше дека собата му била многу кул, а потоа ми ја опиша како исклучително наменета за лица што сака да ги казнува. Во неа се боревме, а кога ќе викневме, никој не можеше да ме слушне“, рече Морган.
Некои извори блиски до пејачот велат дека и самиот Менсон ја нарекол соба за малтретирање девојки. Тој наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел, порнографски фотографии на ѕидовите, како и свастика. Исто така, ја држел температурата на многу ниско ниво.
Неговиот асистент тврди дека ваквата соба постои, но дека тој никогаш не заклучил никого внатре. Пејачот ги отфрли сите обвинувања и тврди дека неговите сексуални односи биле со согласност со оние на девојките.