Мерил Стрип стана баба

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип стана баба. Нејзината најстара ќерка Мами Гамер пред два дена роди момче. Мами е ќерка на 69-годишната Мерил и на нејзиниот сопруг, скулпторот Дон Гамер.

Ова е прво дете на Мами и нејзиниот свршеник сценаристот и писател Мехар Сети. Двојката во декември објави дека Мами е бремена. Таа претходно беше две години во брак со актерот Бенџамин Вокер, но двојката немаше деца.

Мами, исто како нејзината мајка е актерка, па најави дека заради бременоста ќе направи пауза од снимањето филмови.

 

Scroll to Top