Меркел доби божикна елка висока 11 метри

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вчера ја доби својата божикна елка, висока 11 метри. Дрвото во Берлин е донесено од соседната покраина Бранденбург, по што е поставено пред кабинетот на канцеларката. Ден претходно пред зградата на рајхстагот беше подигната 24-метарска смрека донесена од Долна Саксонија.

Деновиве свои божикни елки треба да добијат и Бранденбуршката порта и други значајни места во германскиот главен град со што ќе заврши украсувањето на германската престолнина.

Scroll to Top