Шпанските таблоиди објавија дека во хотелот на Лионел Меси на Ибица ќе се организира забава за лезбејки. Според нив, забавата ќе се одржи од 18 до 21 октомври и се очекува да дојдат околу 9.000 жени.
Фудбалерот на „Барселона“ неодамна го купи хотелот „МиМ Ибица Ес Виве“ во Ибица и според таблоидите, тој сака на гостите да им понуди поинаков тип на забава од онаа што можат да ја најдат на другите места. На забавата ќе можат да дојдат лезбејки, бисексуалки и жени што можеби се сомневаат дека се бисексуалки.
Ноќевање во хотелот на Меси се движи од 550 евра нагоре.