Мет Дејмон му е поддршка на Бен Афлек

По проблемите што Бен Афлек ги има со алкохолот, актерот поддршка побара ѝ од својот колега и драг пријател, Мет Дејмон.

Дејмон изјавил дека тој отсекогаш бил добар пријател со Бен Афлек и дека секогаш ќе биде покрај него кога ќе му биде потребен.

Бен Афлек последните неколку недели беше во центарот на јавноста поради проблемите со алкохолот.

Поранешна сопруга Џенифер Аткинсон изненадувачки се појави на неговата врата за да го однесе на рехабилитација. На почетокот таа беше покрај него и му даваше целосна поддршка.

Бен Афлек и Мет Дејмон се големи пријатели повеќе од 35 години. Како негов пријател, Афлек вели дека Мет постојано му бил рамо за поддршка, пренесува магазинот „Пипл“. Пред шест години Бен изјавил дека Дејмон му помогнал да мине низ еден од своите најтешки периоди во животот.

„Имам добри пријатели, а го имам и Мет Дејмон. Тој ми е како брат“, изјавил актерот во разговор за новинарите.

Афлек планира да мине подолг период во приватната клиника Canyon во Малибу, пренесуваат американските медиуми.

Афлек меѓу соседите бил познат како човек што подолг период имал проблеми со алкохолот. Соседите велат дека јадел многу ретко, а и дека ретко се туширал.

„Знаеше дека му е потребна помош и ја прифати“, вели еден од неговите соседи и близок пријател.

„Сакам моите деца да знаат дека не е срамно да се побара помош кога ти е потребна. Сакам и јас да бидам извор на сила некому кому му е потребна помош, но се плаши да го преземе првиот чекор“, коментирал Бен Афлек на социјалните мрежи.

 

 

 

Scroll to Top