По улогата во крими-трилерот Ривалите на Амзија Кинг, чија премиера е закажана за март, Метју Меконахи ќе се појави во уште еден голем проект. Како што потврди „Deadline“, холивудската ѕвезда ќе глуми во новиот филм на режисерот Пол Гринграс, насловен Гневот.
Филмот, претходно познат како Худ, е сместен во Англија за време на селанскиот бунт од 1381 година – историски настан што избувнал поради високи даноци и социо-економски тензии, додека Англија била вовлечена во Стогодишната војна со Франција.
Според шпекулациите, Меконахи ќе го портретира Ват Тајлер, водачот на бунтот, кој бил погубен од силите лојални на кралот Ричард II. Сепак, официјална потврда за неговиот лик сè уште нема.
Покрај режијата, Гринграс го напишал сценариото и е еден од продуцентите, заедно со Џејсон Блум и Џоана Кеј. Гринграс е познат по акционите филмови од серијалот Џејсон Борн, како и по „United 93“ и „Green Zone“.
Последен пат Меконахи беше виден на големото платно во Господата на Гај Ричи во 2019 година. Во последниве години, тој се фокусираше на анимирани проекти, но оваа година ќе се врати со Ривалите на Амзија Кинг, како и со филмот на Гринграс