Метју Пери ѝ давал на поранешната бремена девојка по 4.000 долари за да му носи дрога

Поранешната девојка на глумецот Метју Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, Кејти Едвардс, тврди дека тој бил зависен од дрога и дека таа му носела кокаин, хероин и крек во петтиот месец од бременоста во замена за пари.

Метју пред речиси 10 години бил во големи проблеми. Тој секој ден земал разни опојни супстанции и им зборувал на своите пријатели дека не се грижат за него.

Кејти Едвардс, која останала пријателка со Метју, откако кратко се забавувале на почетокот на 2000 година, за светските таблоиди изјавиле дека тој се борел со зависноста децении претходно, а дека во 2011 година го допрел дното.

„Бев бремена во петтиот месец кога почнав да му набавувам разни работи. Пери ќе ми договореше да купам дрога, а јас ќе отидев на локацијата и ќе ја земев. Ќе ја отворевме кесичката, а во неа некогаш имаше апчиња, кокаин, а понекогаш хероин и крек. Никогаш не знаев што имаше во кесичката пред да ја отворам“, вели таа.

Едварс тврди дека таа навистина сакала да му помогне на Пери и дека се состанувала со дилерите за да го спречи глумецот самиот да шета на улиците и да набавува дрога. Вели се плашела оти можел да биде уапсен од полицијата или да го снимат папараците.

„Кога ќе се потсетам на тие моменти, се прашував каква пријателка сум јас? А навистина сакав да му помогнам. Постојано ми предизвикуваше чувство на вина и ми говореше дека ако не му ја донесам дрогата, ќе оди сам на улица да си ја земе“, раскажува таа.

Едвардс вели дека не му дозволила на Метју да излезе затоа што не сакала да вози во состојба во каква што бил.

„Нашиот однос стана токсичен. Не можев да го одбијам“, раскажува Едвардс.

„Ги заработував парите на тој начин. Требаше да одам до местото, да ја соберам дрогата и да му ја однесам. Некогаш тоа го правев и по трипати во денот. Имаше денови кога заработував и по 3.000 или 4.000 долари. Постојано ми зборуваше дека парите не му се проблем“, вели таа.

Таа откри дека дрогата му ја носела на Пери и на сет-емисијата Mr Sunshine.

„Се сеќавам дека ќе отидев во ‘Парамаунт’ до капијата и ќе му ја однесев дрогата до приколката, а тој никогаш не можеше никого да измами. Се гледаше по него дека е зависник. Шоуто беше укинато по првата сезаона. Секогаш се прашував како некој може да зема толку дрога и да не почине“, вели Едвардс.

Таа додала дека сето тоа за неа било толку страшно, што еднаш глумецот случајно си ги залепил рацете со суперлило за нозете додека бил дрогиран. Пери е чист и трезен веќе некое време, а неодамна ја побара за жена својата девојка Молу Хурвиц.

 

 

 

 

 

Scroll to Top