Метју Пери ќе потпише предбрачен договор вреден милиони

Актерот од популарната серија „Пријатели“, Метју Пери, ќе потпише предбрачен договор со неговата свршеница, вреден 120 милиони долари, пишува магазинот Life & Style.

Тој неодамна откри дека се свршил со неговата девојка и менаџерка Моли Хурвиц.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

„Одлучив да се верам. За среќа одам со најдобрата жена на планетата во овој момент“, октри Метју Пери во свој духовен стил минатиот месец.

Според извор близок до актерот, Пери не иснистирал на договор, кој ќе го осигура во случај на неверство или развод и дка идејата била на неговиот адвокат и неколкумина негови пријатели, кои го советувале да не се впушта во брак, без да направи предбрачен договор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Извор близок до Пери, вели дека пријателите му објасниле дека, иако сега тоа можеби не му се чини важно, по медениот месец, кога ќе мине првата фаза на заљубеност и страст, ќе им биде благодарен, што стекнатиот имот го осигурал со предбрачен договор.

Истиот извор објаснува дека потпишувањето на договорот, не би требало да претставува никаков проблем ниту за Моли.

„Ако го сака како што тврди и не планира да го остави по венчавањето, не гледам причина де не го потпише предбрачниот договор. Тоа е стандардна процедура кога станува збор за вакви имиња во Холивуд“, открива изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Иако Метју во последно време немал поголеми улоги во глумачката индустрија, 51. годишниот актер и понатаму прима големи пари од популарната серија „Пријатели“, која не престанува да се емитува ни по 16. години, откако е прикажана последната епизода, по десет години снимање.

Пери и Моли почнаа да излегуваат во 2018 година, а наводно првите празници ги поминаа заедно минатата година. Иако врската ја криеја од јавноста, на крајот на минатата година беа фатени заедно. Во мај се шушкаше дека прекинаа, но се чини дека потоа ги разрешија сите несогласувања.

Моли му помогна на Пери во борбата со алкохолизмот, за кој во континуитет во последните неколку години се зборуваше, а поради која глумецот често беше фатен во непрепознатлива и видно лоша состојба.

Scroll to Top