Метју Пери пет месеци минал во кома поради предозираност со наркотици

Глумецот Метју Пери, познат по улогата на „Чендлер“ во хумористичната серија „Пријатели“, откри дека минал пет месеци во кома заради наркотиците.

Во изјава за People откри за борбата со зависностa и откри дека малку фалело да почине кога му пукнало дебелото црево. Незгодата се случила пред неколку години кога имал 49, кога поради прекумерена употреба на наркотици му пукнало дебелото црево.

Во 2018 година, кога заврши со глумата, рече дека направил операција на дигестивниот тракт, но вистината е дека поминал две недели во кома и пет месеци во болница, а девет морал да користи торба за колостома.

„Лекарите на моето семејство им рекоа дека имам само 2% шанса да преживам. Ме ставија на уред наречен ECMO машина, која дише наместо мене. Се вика Здраво Марија. Тоа никој не го преживува“, рече Пери.

Глумецот реши искрено да зборува за тоа како зависноста од дрога и алкохол му го уништиле животот, а животната приказна ја раскажа и во неговите мемоари „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“, кои ќе бидат објавени на 1 ноември.
Scroll to Top