Метју Пери сам го прослави 48. роденден

Метју Пери го прослави својот 48. роденден сам на Беверли Хилс во саботата, а само неколку часа подоцна во еден ресторан во Малибу се собраа неговите колешки од хит-серијата „Пријатели“ – Џенифер Анистон и Кортни Кокс.

За жал, нивниот колега не изгледаше ни приближно како својот лик од „Пријатели“ – ентузијастичниот и духовит Чендлер Бинг. Нерасположен, со неколку килограми повеќе, Пери е виден на улиците на Беверли Хилс во опуштено издание, со хартиена кеса в рака.

Како што е познато, актерот подолго време се бореше со алкохолизам и неколкупати беше на одвикнување со цел да го врати својот живот во нормала.

Scroll to Top