Метју Пери во врска со 22 години помлада девојка

Метју Пери е во врска со 22 години помлада девојка, пишуваат светските медиуми. Моли Хурвиц е девојката со која глумецот е во врска. Двајцата првпат биле видени заедно во јавност пред ресторан во Лос Анџелес во ноември 2019 година, а сега Моли со пораката преку „Инстаграм“, за Денот на вљубените и јавно ја обелодени нивната врска.

„Веќе втора година како го прославуваме Денот на вљубените, но прва откако стана „Интаграм“ инфлуенсер. Среќен Ден на заљуените на мојот омилен човек“, напишала Хурвиц.

Двојката празниците ги минале во Лос Анџелес во вилата на Пери, а Моли сподели и фотографија на социјалните мрежи од нивниот заеднички дом. Метју неколку години беше сингл откако во 2012 година раскина со глумицата Лизи Каплан. Двајцата беа шест години во врска.

 

 

Scroll to Top