Пејачката и глумица Џенифер Лопез во интервју за Apple Music откри за првото раскинување со Бен Афлек. Рече дека ѝ паднало тешко кога ја прекинале венчавката во 2004 година.
„Тоа беше лошо искуство за мене. Ми се скрши срцето кога ја откажавме венчавката. Искрено се чувствував дека ќе умрам“, рече Лопез и додаде дека за среќа сега по речиси две децении повторно се заедно.