Ми го скрши срцето, мислев дека ќе умрам, Џенифер Лопез за првото раскинување со Бен Афлек

Пејачката и глумица Џенифер Лопез во интервју за Apple Music откри за првото раскинување со Бен Афлек. Рече дека ѝ паднало тешко кога ја прекинале венчавката во 2004 година.

„Тоа беше лошо искуство за мене. Ми се скрши срцето кога ја откажавме венчавката. Искрено се чувствував дека ќе умрам“, рече Лопез и додаде дека за среќа сега по речиси две децении повторно се заедно.

За потсетување, се запознаа во 2001 година на сетот на филмот Gigli во кој и двајцата ги имаа главните улоги. Година дена подоцна почнаа да излегуваат. Се свршија во 2002 година, а две години потоа прекинаа. 17 години потоа повторно почнаа да се забавуваат, а се венчаа во Лос Анџелес годинава.

Scroll to Top