Џенифер Лоренс, која е позната по тоа што не го поднесува лажниот холивудски гламур, уште еднаш ги разобличи своите колеги за нивното лицемерство.
Во интервју за InStyle, актерката сподели дека сака сите да бидат „поискрени“, кога станува збор за намалување на килограмите.
„Ако тежиш девет килограми под нормата, а зборуваш како постојано јадеш пица и пилешко, тоа нема да ги натера луѓето да се чувствуваат подобро во своето тело. МИ се гади кога ги слушам како лажат“, вели Џенифер.
Иако актерката не спомена конкретни имиња, Бела Хадид е пример за такво однесување. Моделот сподели во Инстаграм како оди нејзината диета со пица за време на нејзините подготовки за „Мет Гала“.
„ Кога треба да се појавам на „Оскар“ или на филмска премиера … Нема да лажам. Јадам различно, за да влезам во фустаните, кои ги подготвиле за мене. Не се плашам да го признаам тоа, рече уште Лоренс.