Ми велеа, врати се дома и снимај теленовели, овде нема работа за тебе: Салма Хајек ги скрши предрасудите во Холивуд

Холивудската актерка Салма Хајек (55) е родена на 2 септември 1966 година во Веракруз, Мексико. Таа се смета за првата мексиканска актерка која станала холивудска ѕвезда од времето на Долорес дел Рио. Режисерот Роберт Родригез ѝ даде шанса со улогата во филмот „Десперадо“, кој на Хајек ѝ донесе репутација на една од најсексипилните и најзафатените актерки во Холивуд.

Салма Хаејк-Хименез порасна во богато, побожно католичко семејство. Нејзиниот татко Сами Хајек Домингез, Мексиканец од Либан, е сопственик на фирма за индустриска опрема и извршен директор на нафтена компанија во Мексико. Нејзината мајка, пак, Дијана Хименез Медина, Мексиканка со шпанско потекло, е оперска пејачка. Нејзиниот помлад брат Сами (50) кој работи како дизајнер на мебел.

На 12 години замина во интернатот „Луизијана“, но бидејќи постојано правеше проблеми, се врати назад во Мексико. По што родителите ја испратија да живее кај нејзината тетка во Хјустон, Тексас. На 17 години се врати во Мексико Сити, каде што се запиша на Катедрата за меѓународни комуникации. Но и покрај незадоволството и противењето на нејзиното семејство, таа сепак се откажа од студиите и се посвети на актерството.

Салма ја започна својата кариера во Мексико, најпрво во локални театарски продукции, а потоа дебитираше во серијата „Нова зора“ што ѝ ја донесе наградата TVyNovelas за најдобра дебитантска актерка. На 23 години, ја доби главната улога во популарната теленовела „Тереза“, која ѝ донесе огромна популарност. Но тоа не ѝ беше доволно, па одлучи да замине во Холивуд, ризикувајќи ја досегашната кариера. Таа се пресели во Лас Анџелес, Калифорнија, каде се запиша на часови по англиски јазик и студираше глума во класата на Стела Адлер.

По преселбата во САД, Хајек на почетокот имаше проблем со недостигот на работни понуди, бидејќи, како што вели таа, „немало индустрија или улоги за латино жени“, па дури еднаш ѝ рекоа дека нејзиниот акцент „ќе ги натера љубителите на филмови да помислат на куќните помошнички“. Сепак, таа имаше неколку гостувања во телевизиските серии како „Сонувај“ и „Шоуто на Синбад“, а имаше и споредни улоги во драмата „Мојот луд живот“ и трилерот создаден за шоуто „Тркачи“, што е всушност нејзината прва соработка со режисерот Роберт Родригез.

Во 1994 година, ја толкуваше улогата на Алма, млада жена погодена од сиромаштија која станува сексуална работничка, во драмата на Хорхе Фонс, „Алеја на чудата“, базирана на истоимениот роман од 1940-тите на Нагиб Махфуз. Оваа улога ѝ донесе номинација за наградата Ариел за најдобра актерка, некој вид на мексиканска верзија на БАФТА наградите.

По неколку ситни појавувања, во 1995 година ја доби главната улога во филмот „Десперадо“ со Антонио Бандерас, по што глумеше и со многу други ѕвезди како Џорџ Клуни, Вил Смит и Пенелопе Круз.

Во 1999 година, ја основаше Вентанароса, продукциска куќа која работеше на филмови и телевизиски серии заедно со други големи компании. Во 2002 година, Салма го продуцираше и глумеше во филмот „Фрида“, за кој освои два Оскари и номинација за најдобра женска улога.

Во март 2007 се сврши со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, а во септември истата година се породи со ќерката Валентина Палома Пино Хајек. Тие се венчаа на Денот на вљубените 2009 година во Париз, а истата година во април ги обновија заветите во Венеција, Италија.

Откако создаде одлична кариера како актерка, продуцент, активист и претприемач, лани во ноември, Салма ја откри својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. За време на нејзиниот говор таа се присети дека неколку пати била одбиена за главните улоги.

„Зошто не се вратите на теленовелите? Овде никогаш нема да најдете работа“, се присети на она што ѝ велеле некогаш. 

HOLLYWOOD, CALIFORNIA – FEBRUARY 09: Salma Hayek attends the 92nd Annual Academy Awards at Hollywood and Highland on February 09, 2020 in Hollywood, California. (Photo by Kevin Mazur/Getty Images)

Но и покрај разочарувањето и тагата, таа никогаш не се откажа. Избра да се бори за своите соништа, велејќи: „Работи напорно. Подготви се. Не ти е гајле што некој ќе каже. Најважно е да не се слушате себеси во моментот кога се обидувате да ја уништите вашата самодоверба“.

 

Scroll to Top