Ми влезе меѓу нозете, се наби перверзно и почна да грофта: вознемирувачко сведочење на Гвинет Палтроу

На актерката Гвинет Палтроу  се суди за несреќа на скијање која се случила во 2016 година.

Ja тужи Тери Сандерсон, кој тврди дека актерката неконтролирано скијала и го удрила со голема брзина и дека се здобил со трајно оштетување на мозокот, скршил четири ребра, а поради траумата паднал во депресија.
Тој навел дека по падот, Гвинет врескала по него и се оддалечила, а не се ни понудила да му помогне. Сега тој од неа бара отштета од 300.000 долари.

Актерката сведочеше вчера, а судењето се пренесуваше во живо. Нејзиното сведочење  ги изненади присутните па и јавноста. Гвинет тврди дека Тери налетал на неа, а не обратно.

„Неговото тело ме притисна одзади, па буквално се заледив од страв. Со скиите ми влезе меѓу нозете и се наби на мене, па во еден момент помислив дека нешто перверзно и чудно се случува“, изјавила актерката.

Таа нагласи дека не го обвинува Сандерсон за сексуален напад, туку дека тогаш не ѝбило сеедно бидејќи слушнала воздишки и грофтања.

„Мојот мозок само се обиде да го поврзе она што се случува зад мене“, тврди Палтроу.

„Рековте дека маж удрил во вас. Како знаевте дека е маж?“, ја праша адвокатот на Тери.

„Ја почувствував тежината на целото негово тело над мене, а звуците на стенкање што ги слушнав беа типично машки“, одговори Гвинет.

Таа се осврна и на обвинувањата на Сандерсон дека не му помогнала по несреќата и дека му викала.

„Не се сеќавам дали врескав, но бев бесна. Чувствував дека неговите скии ми ги шират нозете. Некое време се движевме по падината, а потоа паднавме“, тврди актерката, а каков ќе биде епилогот од судењето останува да видиме.

Scroll to Top