„Ми здосадија ќерките“: Мишел Обама за односот со Малија и Саша

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, гостуваше во шоуто на Конан О’Брајан, каде што зборуваше за семејството и за односот со нејзините ќерки, 22-годишната Малија и 19-годишната Саша. Во интервјуто Мишел призна дека додека биле во карантин, во еден момент ќерките толку многу ѝ здосадиле, што едвај чека да се вратат на колеџ.

„На почетокот сите бевме среќни што имавме можност да поминеме повеќе време заедно. Сега девојките едвај чекаат да се вратат на колеџ и веќе не сакаат да бидат дома со своите родители, а и јас не можам да дочекам да си одат. Ми здосадија, да бидам искрена. Постојано имавме активности заедно, пиевме коктели, составувавме загатки и игравме различни игри. Имавме и денови за изложби – сите ќе цртавме со акварели, а потоа си покажувавме кој што направил. Сепак, ова не траеше долго. Мислам дека на девојките им се здосади од нас, и тоа е во ред, затоа што и тие ни здосадија на Барак и на мене“, рекла искрено во интервјуто 56-годишната Мишел.

Scroll to Top