Мик Џегер ќе ја одложи турнејата поради здравствени проблеми

Турнејата на легендарната музичка група „Ролинг стоунс“ ќе биде одложена поради здравствената состојба на Мик Џегер. Пејачот вели дека не се чувствувал добро и дека заедно со неговите колеги едногласно одлучиле да ги одложат настапите кои ги планирале за во САД и Канада. Овие концерти ги најавувале со месеци претходно.

„“Ролинг стоунс“ за жал ќе мораат да ја одложат престоечката турнеја во САД и Канада“, напишал музичкиот состав на својот „Твитер“ налог, со образложение дека лекарите му препорачале на Џегер дека му е неопходно лечење.

Прочуената група не навела од што пејачот боледува, додавајќи дека рок ѕвездата изразил жалење што турнејата поради него ќе биде одложена. Бендот кој многумина го обожваат е основан во 1962 година а во текот на својата кариера има издадено повеќе од 30 студиски албуми.

Scroll to Top