Мик Џегер со 43 години помладата девојка се појави на отворањето на летната сезона на театарот во Њујорк

Фронтменот на Ролинг Стоунс Мик Џегер (79) позираше со својата 43 години помлада девојка Мелани Хемрик на црвениот тепих.

Двојката се појави на отворањето на летната сезона на Американскиот балет театар во Метрополитен операта во Њујорк.

Мелани и Џегер се запознале на неговиот концерт во Токио во 2014 година. Пријателите на музичарот открија дека парот бил во отворена врска. Пред шест години го добија синот Девери. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука.

„Мик целосно се промени. Порано многу менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверо одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен”, изјавил тогаш извор за американските медиуми.

Scroll to Top