Мила Јовович: Дедо ми беше на Голи Оток, татко ми имаше проблем со одмаздата и само уште јас не бев во затвор

Актерката Мила Јовович е родена во Украина. Нејзина мајка е Галина Огин Јовиќ, а татко ѝ е Богдан Јовиќ, чие семејство влече корени од Црна Гора.

На „Инстаграм“ открила дека нејзините предци биле борци во Втората светска војна, а потоа привлече големо внимание на јавноста со фактот дека татко ѝ имал бурно минато.

„Татко ми мислеше дека со здравственото осигурување може да направи голем бизнис, па во 1994 година заглави во затвор, каде што останал пет години. Ние сме многу блиски, особено по добивањето на моето првото дете. Живее во Лас Вегас и кога може, доаѓа да нѐ посети.

Од мајка ми наследив љубопитност, љубов за литературата и уметноста и, дефинитивно, да размислам добро пред да одлучам нешто. Од татко ми добив импулсивна страна, бестрашност, подготвеност понекогаш да влезам во ризик. Сепак, јас сум потомок на прилично револуционерно семејство. Јас сум веројатно единствениот член на семејството на Јовович што не бил во затвор.

Мојот дедо, а мислам дека и неговите браќа, беа политички затвореници на Голи Оток во Југославија. Таа приказна за овој остров ме фасцинира! Имам братучед Мирко, кој е режисер, и би сакала со него да снимиме филм за Голи Оток. Подоцна го разбрав неговото значење, како и значењето на името на тоа место, во смисла на оголен остров.

За Американците, приказната за настаните на ова место би била многу интересна. Би сакала да направам филм за дивината, насилството, драматичната историја на моето семејство. „Не можеме да го заборавиме минатото, дури и да сакаме“, и вели дека имала желба да ги посети Србија и Црна Гора, но татко ѝ не сака ни да слушне за тоа.

„Како и повеќето Срби, и тој има проблем со простувањето, со одмаздата и таквите чувства се пренесуваат од генерација на генерација. Семејството има свои драми и сеќавања што тешко ги забораваат и оставиле длабок печат кај нив, но потоа се случи раѓањето на мојата ќерка, прва од фамилијата Јовович родена во Америка, а по два месеца, Бранко починал, првиот Јовович што бил погребан во Америка. Сите дојдоа на тој погреб.

Поради политиката и личните драми, семејството имаше малку или немаше воопшто комуникација меѓу себе, а јас ги поканив сите да дојдат кога ми се роди ќерката. И дојдоа, се собраа сите кај мене, ги оставивме проблемите зад себе, го прославивме новиот живот. Тоа беше многу емоционално. Татко ми беше нервозен пред тоа, не знаеше како ќе излезе планот. Во текот на вечерта тој беше опуштен. Следното утро го помина со насмевка, која не му се симнуваше од лицето, па и јас бев среќна поради тоа.

Тој ми рече: „Знаеш, никогаш не би се согласил со сето ова. Tи си единствениот Јовович што може да го собере целото семејство“. Тоа беше олеснување за него. Инаку, тој ја сака својата внука, ќерка ми, која е крстена Евер Габо. Евер е старо шкотско име за мажите и беше желба на мојот сопруг Пол Андерсон, кој е режисер. Името Габо е комбинација на првите букви на моите родители, Галина и Богдан“, вели Мила Јовович, која има уште две деца, исто така ќерки, Дашиел и Ошин.

Мила Јовович зборува и за својата адаптација во Америка по преселувањето од Европа.

„Русите навистина ме сакаат, како и јас нив, тоа е мојата култура, јас сум родена таму. Кога дојдовме тука, во САД, имав проблеми во првите часови во Америка, другарите од класот ме нарекуваа руски шпион. Децата може да бидат сурови. Но, полека го градев своето место во друштвото, знаев што сакам“.

„Најпопуларната, најубавата девојка во училиштето обично на крајот се мажи со некој од најубавите момчиња од училишниот фудбалски тим и потоа стагнира, не успева да направи нешто од својот живот. Јас не бев од тој круг, сакав и прифатив предизвици и тргнав по друг пат“.

Scroll to Top