Милијардерка се уште тврди дека никогаш немала пластична операција: Мразам ботокс и филери

Милијардерката Џоселин Вилденштајн (84) се уште тврди дека никогаш немала пластична операција. Сега додаде дека мрази и ботокс, иако постојано се зборува за нејзината трансформација на лицето.

Странските медиуми ја нарекоа „жена мачка“, а таа тврди дека нејзиниот изглед е природен.

Во новото интервју за The Sun, таа негира каква било пластична операција.

„Не сум направила пластична операција, се плашам што може да се случи“, рече таа. Милијардерката тврди и дека никогаш не ставила филери во лицето, но дека има пријатели кои не биле задоволни од нив.

„Не сакам ботокс. Секој има различна реакција на него. Имав ботокс само два пати. Не знам дали сум алергична, но кога го земав, не се чувствував добро. Не беше добар резултат, ми отече лицето“, рече таа.

Претходно нејзиниот партнер Лојд Клајн изјави дека Џоселин постојано изгледа исто и дека „никогаш не сменила ништо на лицето“.

Scroll to Top